Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт
МАКЕДОНИЈА

Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт

Објавено September 1, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Следниот ангажман на досегашниот спортски коментатор на Македонската телевизија, Тони Стојановски, ќе биде во Арена спорт.

Регионалниот телевизиски канал, кој емитува спортска програма на просторот на поранешна Југославија, е во процес на формирање македонска редакција, која треба да профункционира во наредните месеци, а Стојановски ќе биде дел од неа со уште неколку новинарски имиња од Македонија.

Коментаторот што си обезбеди место во аналите на македонското спортско новинарство со историскиот коментар по победата на фудбалската репрезентација на Македонија над Грузија во Тбилиси за прв пласман на европските првенства денеска го одработи последниот ТВ-пренос за МРТ.

Стојановски се промовира во еден од најдобрите спортски коментатори во земјава во текот на речиси 20. години поминати во јавниот сервис, од кои над 13 во МТВ и претходно во Македонското радио, а пред тоа беше дел од спортската редакција на тогашната А1 телевизија.

Денеска го одработев последниот пренос за МРТ. По повеќе од 13 години во телевизијата, а вкупно речиси 20 во јавниот сервис сметајќи го и времето во Македонското радио, дојде време за разделба.

Заминувам со многу спомени и со мноштво професионални задоволства. За знаењето ќе ценат други.

Ваквите одлуки не се лесни, но со оглед на околностите, по 28 години со новинарско-коментаторска кариера, ова е најдобро!

Новата страница е се уште празна, мое (наше) е да ја испишеме брзо и на убав начин.

Да сме живи и здрави!

Да живее Македонија!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Циркус во Шпанија: ВАР системот се расипа, на Барселона ѝ беше досуден непостоечки пенал, теренот срамно лош (ВИДЕО)
Следна Статија Нови правила за одобрување возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Без разлика што е во бегство, постапката за Груби продолжува

Без разлика што е во бегство, и за Артан Груби и за другиот осомничен, постапката и натаму продолжува и јавноста…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две лами

Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две Лами! Почитувани, Нашата, Скопската Зоолошка е една…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Oрбан е човек од кого може многу да се научи, пријателство кое трае со децении

Вицепремирот Александар Николоски на Фејсбук напиша дека премиерот на Унгарија напиша дека премиерот на Унгарија е голем поддржувач на Македонија.…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?