Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените
МАКЕДОНИЈА

Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените

Објавено May 9, 2026 09:18
Сподели
Сподели

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е изгласана на седница на Советот на Општина Центар, опфаќа поскапување на месечните билети, дневните карти, услугите за бизнис секторот, како и за „пајак“ службата.

Најголемо зголемување кај станбените дозволи има за второ возило, каде цената се дуплира од 250 на 500 денари месечно. За трето возило, станарите отсега ќе плаќаат 1.500 денари наместо досегашните 1.200.

Удар по џебот ќе има и за оние кои користат комерцијално зонско паркирање. Дневните карти во зоните 1 и 2 се зголемуваат од 300 на 400 денари. Припејд дневните карти сега ќе чинат 1.000 денари во Зона 1 и 900 денари во Зона 2.

Промени има и кај деловните субјекти. Вработените во фирмите во Центар ќе плаќаат 3.000 денари за месечен билет, што е зголемување за 1.000 денари од досегашната цена. Бизнис-картите за правни лица се покачуваат на 2.500 денари.

За службените возила на затворените паркиралишта, новата месечна цена е утврдена на 4.000 денари.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Следна Статија Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае

Скопјани утрово имаат вода, но се уште со намален притисок, откако вчера, заради пукната цевка во населбата Влае, голем дел…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата – ова е во фокус на состанокот меѓу…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа

Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, бил во посета на Охрид, каде се…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?