Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови
МАКЕДОНИЈА

Македонија во вторник и во среда ја очекуваат обилни дождови

Објавено November 15, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуација кај нас ќе дојде до голема промена на времето која ќе предизвика од запад во нашата Македонија да се прошируваат обилни врнежи од дожд. Локално овие врнежи ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме обилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец а ќе има услови и за појава на грмежи.

Само во овие два дена локално ќе наврне големо количество на воден талог (локално над 50 литри дожд на метар квадратен а во западните предели локално дури и над 80 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, поради јужното воздушено струење тие остануваат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега, што значи дека натпросечните температури на воздухот за ноември продолжуваат и во овие два дена од следната седмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запали автобус на ЈСП
Следна Статија (ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самит во Хрватска

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. – Денес го пуштаме во употреба…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?