Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска

Објавено April 8, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, соопшти дека побарале увид во предметот за пресудата за возачот Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово, а кој доби 2 години затворска казна.

„Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме“, рече тој.

Изрекувањето предизвика бурни реакции во јавноста, а премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да го разгледа работењето на судијата Елведин Ферати која ја изрече пресудата.

Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Судијата Елведин Ферати претходно беше споменуван во јавноста како лице за кое се води предистрага дека си ги поправал оценките со пречкртување на тетовскиот универзитет. Државниот просветен инспекторат лани утврди дека три оценки во неговото досие биле променети со пречкртување. Предметот бил затворен откога јавниот обвинител ги добил документите, кои потврдуваат дека Ферати ги преполагал овие предмети и затоа претходните оценки биле пречкртани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗОО Скопје: Ламата која угина боледуваше од туберкулоза, за неа нема лек и не постои вакцина
Следна Статија Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема гаранции дека некоја членка на ЕУ нема да блокира, кажа Марта Кос пред утрешната посета во Скопје

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?