Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот

Објавено April 8, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Македонија може да ги намали и до нула царинските стапки за САД, бидејќи трговската размена со нив е многу ниска. Ова може државата да го понуди на Вашинтон, а според Министерката за финансии ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот. Главните преговори ги води министерот за надворешни работи и се очекува разрешница за можноста за потпишување на договор за слободна трговија по што би имало намалување на царините.

„Подготвуваме измени во Законот за царинските стапки со кои можеме да одиме на нивно намалување дури и до нула зашто ефектот нема воопшто да биде голем, бидејќи целиот извоз лани бил нешто над 100 милиони евра што е многу малку во споредба со размената со останатиот дел од светот. Било каква промена на царинските стапки нема да има никакво влијание на Буџетот,… Тоа во овој момент може да им го понудиме на САД, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Македонската влада не очекува директни негативни последици. Дури и поради високите стапки кои Америка ги наметна на нашиот најголем трговски партнер ЕУ, не треба да се стравува од отпуштања, намалување на извозот или пак селење на компаниите од земјава. Проблем има само една компанија која е директно зависна од извозот во САД, но Владата работи за да и помогне

„Невозможно е преку ноќ да се случи нешто. Компаниите може да имаат намалено производство, но нема да ги отпуштат вработените на краток рок. Во меѓувреме европските држави ќе се договорат со САД. Во делот на преселба на капиталот нема да има реакција, бидејќи тоа е долг процес, и нема да се случи дека ќе има отпуштање од работа затоа барам да не се крева паника во тој однос“ рече Димитриеска- Кочоска.

Според Владата, САД направила грешка со пресметката и дека во Македонија нема царинска стапка од 65 отсто, а токму тоа е основата на преговорите кои ги води МНР. Според царинската управа највисоката стапка од Македонија кон САД е 15 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска
Следна Статија Невозможно е да се соберат 5.000 потписи: Дали ќе се намали прагот за независни кандидати за локалните избори?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за…

November 19, 2025

Од центри за податоци во бањи до сервери во вселена: Како енергетската криза го преобликува cloud computing

Развивачите на центри за податоци почнуваат креативно да размислуваат

December 30, 2025

Нвидиа зделката е голема победа за вработените и инвеститорите во Гроќ

Социјалните медиуми се полни со прашања за необичниот договор и неговото значење за вработените во Гроќ

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?