Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници
ЕКОНОМИЈА

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници

Објавено January 12, 2026 12:19
Сподели
Сподели

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 летови.

– Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, додека кај опслужените летови годишното зголемување е  4 проценти, информира ТАВ Македонија. 

Во декември 2025, статистиката на концесионерот покажува двоцифрено зголемување на процентите на опслужени патници на двата аеродроми од 25 проценти во споредба со декември 2024, една година претходно, или преточено во бројки, 294.781 патник.

Во последниот месец од минатата година, пак, реализирани се 2,019 летови што е за 7 проценти повеќе од декември во 2024 година.

– Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужуваше 8.786 патници што е за 9 проценти повеќе од 2024 година, а преку охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16,3 проценти повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродрома за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 3.211.419 што е за 8,7 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20 проценти со услужени 263.869 патници.

–  Зголемувањето од 9 проценти на бројот на патници и 4 проценти пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредување на оперативната ефикасност и проширување на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати. Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Истанбул, во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,6 проценти пазарен удел.  Потоа следуваат Базел Милуз (6,2 проценту), Франкфурт (5,7 проценти), Цирих (4,5 проценти) и Минхен – Меминген (4,2 проценти).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4 проценти пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6 проценти), Швајцарија (10,8 проценти), Италија (5,5 проценти) и Шведска (4,3 проценти).

Од Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.

Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава, мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома ќе се зголеми, со отворањето на нови авиолинии и нови дестинации. – Виз ер ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, додека од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице, информира ТАВ Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Проекти за трајна промена во Неготино
Следна Статија (ВИДЕО) Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска заедно со раководството на Комбинатот и членови на Управниот одбор…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, е најповолен понудувач на тендерот…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Добивка од околу милион евра: Синот на Заев растура во бизнисот со струја

Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје

Вкупно 315.745.324 денари (5,2 милиони евра) денеска, на денот на заштитникот на лозарите Свети Трифун, им се исплатени на 11.689…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?