Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
ЕКОНОМИЈА

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

Објавено April 26, 2026 12:34
Сподели
Сподели

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси – изјави вицепремиерот Николоски.

Во поткасот за Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека ова е „еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем“.

Прво, многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ, ќе го смени системот на живот во приградските населби и, трето, ќе воведе една култура на помалку користење возила и повеќе користење воз. И најважното – ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата која оди од Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром до нова железничка Скопје. Би требало до крај на јуни да биде завршена за од 1 септември да функционира оваа линија – соопшти Николоски.

Паралелно со ова, додава вицепремиерот, се работи на проектирање со Градежниот факултет и во втората половина од оваа година да се објави тендер и за останатите две линии – од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје Север до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка преку Автокоманда – Маџари и завршува во Илинден.

Очекувам тие да бидат завршени на крајот на 2027, почетокот на 2028 година. Ако на ова додадеме дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси, тоа ќе значи многу во намалување на загадувањето во градот – изјави Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран
Следна Статија Зошто беа запалени гевгелиски возила во Карпош 1 (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци. Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов исплата на К-15, еве колку пари ќе легнат на сметката на работникот

Регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Над 84 илјади вработени…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Проверете си ги сметките, почна исплатата на „Мој ДДВ“

Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тромесечје од годинава.  Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Активноста на услужниот сектор во Кина повторно забавена, што укажува на слаба економија

Услужниот сектор во Кина се прошири со најслаб интензитет во изминативе пет месеци, додавајќи повеќе докази за слаба потрошувачка побарувачка…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?