Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%

Објавено December 26, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси

Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари

Клучните измени вклучуваат:

  • За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.
  • За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.
  • Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.
  • Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.


Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.

Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор“, изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени.

Министерството продолжува со залагањата за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет
Следна Статија За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари…

April 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со грчкиот министер за инфраструктура Стакурас

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?