Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа
ЕКОНОМИЈА

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

Објавено March 4, 2026 16:11
Сподели
Сподели

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во  Македонија.
Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, услуги за имплементација и долгорочна техничка поддршка. Во рамки на четиригодишниот договорен период, од 2026 до 2029 година, Ericsson ќе биде ексклузивен технолошки партнер за воведувањето на новата 5G SA мрежа на One Macedonia, која ќе вклучи повеќе од 500 5G базни станици во период од четири години. По инвестицијата во фреквенцискиот спектар во јануари, овој договор ја забрзува реализацијата на инвестициската стратегија на 4iG во висина од 100 милиони евра за  Македонија.

Церемонијата на потпишување се одржа на MWC 2026, најголемиот светски настан за телекомуникациската индустрија, што ја истакнува меѓународната важност на проектот и улогата на Македонија во регионалната стратегија за проширување на 4iG Групацијата.
Овој договор претставува важна пресвртница по минатогодишното Писмо за намери и формално го иницира распоредувањето на комплетната мрежа во Македонија.

One Macedonia ќе има една од најмодерните 5G Standalone мрежи изградени во регионот. Како гринфилд проект, инфраструктурата може да се дизајнира без ограничувања кои ги наметнуваат наследени системи, овозможувајќи високобрзинска поврзаност, ултраниска латентност, напредна стабилност на мрежата и енергетска ефикасност. Архитектурата на мрежата за корисниците, компаниите и јавните институции ќе обезбеди дигитална платформа подготвена за иднината.

Имплементацијата ќе биде целосно усогласена со обврските дефинирани во лиценцата за фреквенциски спектар која на 23 јануари 2026 година беше доделена на One Macedonia. Лиценцата предвидува 5G покриеност во најмалку еден град до март 2027 година, покриеност на главните транспортни правци до март 2029 година, целосна покриеност на сите градови до март 2031 година, како и национална покриеност до март 2033 година.

„Денес преминуваме од стратегија кон реализација. Наместо надградба на стара мрежа, градиме целосно нова, безбедна дигитална основа, која е отпорна на идните предизвици за Северна Македонија. Со партнерството со Ericsson можеме да обезбедиме нашата инфраструктура да ги исполнува највисоките европски стандарди за перформанси, доверливост и безбедност. Потпишувањето на овој договор на Светскиот мобилен конгрес ја одразува нашата амбиција да ја позиционираме Македонија цврсто во рамки на глобалниот дигитален екосистем“, изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на One Macedonia.

Ericsson, исто така, ја нагласи стратешката важност на партнерството.

„Изградбата на гринфилд 5G Standalone мрежа нуди единствена можност од првиот ден да се обликува отпорна, безбедна и високо скалабилна 5G инфраструктура. Горди сме што го поддржуваме One Macedonia и 4iG Групацијата во воведувањето инфраструктура, која е подготвена за иднината, базирана на најновата технологија на Ericsson и глобалните најдобри практики. Оваа мрежа ќе ја обезбеди основата за напредни дигитални услуги, овозможувајќи иновации, деловен раст и подобрена поврзаност низ Македонија“, изјави Антонио Пасарела, раководител за Централна Европа и Северен Балкан, Ericsson.

Договорот опфаќа договор за испорака со Ericsson AB во Шведска и договор за услуги со Ericsson Македонија во Скопје. Оваа комбинација на глобална технолошка експертиза и силни локални капацитети за имплементација обезбедува исклучителна ефикасност во текот на целиот процес на реализација.

Овој чекор го означува почетокот на фазата на извршување на планот за развој на мрежата на One Macedonia, зацврстувајќи ја нејзината посветеност на долгорочни инвестиции, транспарентност и регионална дигитална интеграција.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во недела „Осмомартовски“ марш против насилството врз жените во Жена Парк Борец
Следна Статија Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Италија, Шпанија и Франција произведуваат најмногу зеленчук во Европа

Европската унија во текот на изминатата година оствари вкупно 62,2 милиони тони свеж зеленчук, што претставува пораст од шест проценти…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?