Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот

Објавено August 27, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната Влада за која што говореше лидерот на опозицијата:

Просечниот раст на БДП во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8% што е едно од наjниските во Европа и за жал најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9%, Словенија 3,2%, Хрватска 3,5%, Албанија и Црна Гора 3,5%, Србија 3,6% и Косово 3,8%).

Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2% споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките.

Оттаму, посочените „2 милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 споредено со 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст.

Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија.

Постојаната манипулација и извртување на тезите (спинување) не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот односно 6 ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Евростат.

Во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1%. За споредба, во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ, просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2%.

Поразително е што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Доколку се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5%, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард.

За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4%, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт.

И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7% од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3%.

Земјите од ЕУ и регионот исто така се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, додека Македонија во периодот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
Следна Статија Трамп вети дека ќе ја врати смртната казна за убиство во Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза,…

March 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акциите на ривалот на DeepSeek скокаат за 87% во бумот на кинески AI листинзи

MiniMax се приклучува на бранот на кинески технолошки компании кои стануваат јавни

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?