Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
СВЕТ

Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд

Објавено August 27, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си.

Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за кого работеле тие лица, данската разузнавачка служба предупреди дека Гренланд е мета на „различни видови кампањи за влијание“.

„Секој обид за мешање во внатрешните работи на Кралството е неприфатлив“, изјави Расмусен, додавајќи дека во тој контекст бил повикан американскиот отправник на работи Марк Строу.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати изјави дека сака да ја анектира територијата.

Данската разузнавачка служба (PET) проценува дека кампањите за влијание имаат за цел да внесат раздор во односите меѓу Данска и Гренланд, преку искористување на постоечки или измислени несогласувања и преку дезинформации. Разузнавачката служба соопшти дека го засилила своето присуство во Гренланд и соработката со локалните власти.

„DR“ извести дека Американец го посетил главниот град на Гренланд, при што се обидувал да состави список на жители кои ја поддржуваат американската идеја за преземање на островот. Целта, според медиумот, била тие лица да се регрутираат во сепаратистичко движење.

Случајот доаѓа неколку месеци по друг извештај во „Wall Street Journal“, во кој се наведува дека американските разузнавачки агенции се насочени кон активности во Гренланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
Следна Статија Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Инаугуриран новиот претседател на Грузија, досегашната претседателка не сака да си замине

Во Грузија е инаугуриран Михаил Кавелашвили лојалист на владејачката партија за претседател. Поранешниот фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти…

December 29, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Се појави страшна снимка од пукотницата со калашников во училиште во Шведска

Најмалку пет лица се повредени во пукање што се случи денеска во училиште во Оребро. Неофицијално, медиумите наведуваат дека напаѓачот…

February 4, 2025
СВЕТ

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви метал, свири тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откако вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент…

October 21, 2025
СВЕТ

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да ја спречи владата да замрзне повеќе од две…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?