Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците

Објавено October 3, 2024 16:10
Сподели
Сподели

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно главниот и дополнителниот проект, а како последица на тоа, нема откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите, истакна Зоран Коњановски, директор за производство и член на УО на АД ЕСМ.

Коњановски нагласи дека во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати.

Претходните раководства на АД ЕСМ, на РЕК Битола не ги подготвувале капацитетите во пресрет на грејната сезона. Утврдено е дека нема доволно количини на јаглен, а затекнатиот јаглен на депониите е со исклучително лош квалитет. Веднаш консултиравме професори од Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кои наскоро ќе излезат со констатирани забелешки за работата на рудниците во комбинатот со насоки во однос на понатамошната експлоатација на јаловината и на јагленот. При увид на теренот, од реномираните експерти се споделени впечатоци дека ископите во постојните рудници при РЕК Битола се вршени спротивно на проектната документација, посочи Коњановски.

Во изјава за медиумите, Коњановски истакна дека во моментов, користејќи ги сите ресурси што комбинатите ги имаат на располагање, направена е реорганизација во однос на капацитетите во рудниците, со цел во најкус можен рок да се обезбеди фронт за ископ на квалитетен јаглен.

Обезбедивме многу поповолни финансиски услови за набавка на квалитетен јаглен од веќе постоечки договор за набавка на овој енергент од увоз, со што овозможивме одлични предуслови за реализација на планираните производни количини на електрична енергија за оваа грејна сезона. Сакам да истакнам, рече Коњановски, дека за разлика од претходните набавки на јаглен, за сите идни набавки на овој енергент, тогаш кога ќе има потреба, особен акцент ќе се даде на квалитетот.

Од АД ЕСМ информираа дека имаат докази дека изминативе неколку години се увезувал јаглен со катастрофален квалитет, со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоелектраните. Тоа предизвикало хаварии на блоковите поради кои ЕСМ издвојувале милионски суми за санација.

Ние имаме одговорност за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено и одговорност да ги сочуваме термоелектраните – како материјално и национално добро. За сите неправилности кои продуцирале недомаќинско и неодговорно однесување, АД ЕСМ ги разгледува можностите од покренување на кривична и дисциплинска постапка кон раководни лица што директно влијаеле на затекнатите состојби во битолскиот рударско енергетски комбинат, најави Коњановски за време на денешната посета на РЕК Битола.

Во моментов, ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот. Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје
Следна Статија Никола Јокиќ мераклија за бурек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата денеска ќе одржи вонредна седница за горивата

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на…

May 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија

Се бара решение за иднината на 550-те вработени во подружницата на „Лукоил“ во Македонија, откако матичната руска компанија одлучи да…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе зборуваме на постпејд, над 1,7 милиони сурфаат преку мобилен

Мобилната телефонија во Македонија продолжува да биде главно средство за комуникација, со вкупно 2.105.467 активни претплатници заклучно со третиот квартал од 2025…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?