Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време
МАКЕДОНИЈА

За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време

Објавено December 26, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk

-Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата, истакна министерот Тошковски.

Националниот портал uslugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%
Следна Статија Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Излезеноста до 15 часот е 30,26 отсто

Државната изборна комисија попладнево на прес конференција посочи дека излезеноста до 15 часот e 30,26%. Вкупно гласале 208.571 граѓани. За…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бурни реакции за состојбите во судството, откако судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра!

Судски спор меѓу компаниите „АР Груп“ и „МКМ Експрес“ отвори сериозни прашања за постапката пред Основниот граѓански суд во Скопје.…

March 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции

„На трулите јаболка“, како што ги нарече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во системот на МВР, им се поднесуваат…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, додека односите во Владата се коалициски одлични, изјави вчера на прес-конференција премиерот…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?