Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното
ЕКОНОМИЈА

Клековски: Дебатата за минималната плата се води со погрешни споредби, Македонија не е на дното

Објавено February 8, 2026 14:12
Сподели
Сподели

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е оптоварена со погрешни споредби и неточни заклучоци, при што, како што оценува, се „мешаат баби и жаби“. Во контекст на барањата минималната плата да достигне 600 евра нето и тврдењата дека Македонија е на дното во регионот, Клековски посочува дека клучниот проблем лежи во мешањето на нето и бруто платите, како и во игнорирањето на паритетот на куповна моќ.

Тој потсетува дека Евростат, како релевантна европска институција, при споредбите користи бруто плати, а не нето, токму за да се избегне влијанието на различните даночни и социјални системи во земјите. Како пример ја наведува Црна Гора, која често се посочува како лидер во регионот со минимална плата од 600 евра, но само во нето износ. Во бруто израз, објаснува Клековски, минималната плата во Црна Гора изнесува околу 670 евра, додека во Македонија 586 евра, што покажува дека земјава не е на дното, како што често се тврди.

Разликата, според него, произлегува од структурата на даноците и придонесите. Во Црна Гора, придонесот за здравствено осигурување е нула проценти, пензискиот придонес е 10 проценти, а персоналниот данок за плати до 700 евра е нула, што е значително пониско отколку во Македонија. Од друга страна, таму данокот на додадена вредност е 21 процент, наспроти 18 проценти кај нас. Клековски нагласува дека и Македонија би можела административно да ги зголеми платите преку намалување на придонесите и даноците, но тоа би значело повисок ДДВ и поскапување на животот.

Токму затоа, како втор клучен концепт, тој го посочува паритетот на куповна моќ, кој покажува колку реално може да се купи со одредена плата, земајќи ги предвид цените и трошоците за живот. Според овие пресметки, минималната бруто плата во Македонија изразена преку паритет на куповна моќ изнесува околу 1.069 евра, што ја позиционира земјава во средната група држави и далеку од дното. Клековски посочува дека Македонија, според оваа методологија, се искачува од 26. на 20. место меѓу земјите на ЕУ и кандидатите и е пред Црна Гора, Бугарија, Чешка, Латвија и Естонија.

Тој предупредува дека минимална нето плата од 600 евра би ја позиционирала Македонија во највисоката група според паритет на куповна моќ, рамо до рамо со економии како Германија и Холандија, што, според него, не одговара на реалното ниво на продуктивност во земјата. Клековски потсетува дека анализите за продуктивноста упатуваат на проблеми како лоша инфраструктура, бирократија, слаби институции и корупција, но истовремено укажува на фактот дека извозно ориентираните и странските компании во Македонија имаат и до четири пати повисока продуктивност од просекот.

Заклучокот на Клековски е дека суштинската дебата не треба да се води околу номинални бројки и споредби без контекст, туку околу тоа како да се зголеми продуктивноста на најголемиот дел од домашната економија. Дури тогаш, оценува тој, разговорот за значително повисока минимална плата ќе биде реален и одржлив, без да создаде дополнителни економски шокови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
Следна Статија На Хрватска ѝ недостасуваат околу 65 илјади сезонски работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова инвестиција: Мицкоски на поставување на камен темелник на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски, денеска ќе присуствуваат…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници

Почна поскапувањето во дел од маркетите. Купувачите ги дочекаа нови цени на рафтовите. Најголема разлика има кај хигиенските производи. Влажните…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците

Се продолжува со исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?