Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин
ЗДРАВЈЕ

КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин

Објавено June 25, 2026 14:43
Сподели
Сподели

Нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа во текот на претстојниот месец, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, за време на одржаниот брифинг со новинарите.

Проширувањето на листата главно се однесува на терапија со антикоагуланси, односно лекови против згрутчување на крвта.

Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат кај повозрасната популација со срцеви проблеми – појасни директорот.

Клековски се осврна и на актуелната пракса за масовно пропишување на овие лекови кај одредени категории на пациенти, за што смета дека е потребна детална контрола.

Кај патолошките бремености, сега планираме специјален состанок со ГАК, оти е комплетно нејасно на што тие одлучуваат дека е патолошка бременост, бидејќи две третини од бременостите се веќе патолошки, што е ненормално. Мислам, не може две третини да е патологија – рече Клековски.

Директорот на ФЗО појасни дека во официјалните индикации на лекот „Клексан“ не е наведено оти истиот треба да го примаат сите трудници по автоматизам. Тој потенцираше дека лекот треба да го земаат исклучиво бремени жени со точно одредени медицински индикации, а во Малмед претходно немало одобрение за таква широка употреба.

Како клучни приоритети на Фондот во наредниот период, Клековски ги посочи зголемениот надзор над масовната потрошувачка со рецепт, борбата против злоупотребите и измамите со лекови, како и обезбедувањето простор и буџет за воведување на современа и поскапа терапија за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Презентирана нова метода за рано откривање на тумор преку анализа на крв
Следна Статија На денешен ден пред 35 години се распадна СФРЈ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова…

May 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Сведочење во Сенатот на д-р Роберт Саливан за мРНА вакцините: Се чувствувам како да сум добил смртна пресуда (ВИДЕО)

Од силен, здрав и напреден човек, како што себеси се опишува анестезиологот д-р Роберт Саливан кога ја примил првата мРНА…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови болници и дигитално здравство: Министерството најави големи инвестиции

Министерството за здравство продолжува со реализација на капитални проекти што треба значително да ја унапредат здравствената инфраструктура во земјата. Плановите…

May 30, 2026
ЗДРАВЈЕ

Македонско признание за болницата „Пирогов“ во Софија за лечењето на пациентите од Кочани

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, ѝ врачи признание на познатата болница „Пирогов“ која учествуваше во спасување на најтешко повредените…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?