Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски
ЗДРАВЈЕ

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Објавено October 24, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на докторот Кузмановски постапувајќи, како што информираат од таму, со најголема сериозност и одговорност.

Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантираат заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање дополнителни мерки. Имено, беше одлучено дека д-р Кузмановски, за да може неговото барање да биде одобрено, мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детаљна проверка на стручните знаења и способности.

Имајќи предвид дека Законот за здравствената заштита прецизно ги утврдува условите за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа, а во моментот не постои судска пресуда или друг правен акт што би условил одбивање на барањето за одземање на лиценцата, Комората ја користи законската можност да наметне засилен механизам на контрола и едукација“.

Паралелно со ова, како што велат, во Комората тече и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор.

Комората, додаваат од таму, даде јавна и остра морална осуда за однесувањето на докторот, јасно ставајќи до знаење дека со своето однесување тој ги крши етичките принципи и ги нарушува интегритетот и угледот на лекарската професија.

„За да се донесе конечна, издржана и најправедна одлука, Комората ги очекува извештаите на комисиите формирани од Министерството за здравство и од Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да дадат поширока претстава за професионалниот лик и за стручната способност на докторот во целина. Конечната одлука на Комората ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
Следна Статија За шест месеци ќе се возиме од Зелениково до Скопје со градски воз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива

Аерозагадувањето во Македонија одамна ги надминува рамките на еколошки проблем и претставува директна и долготрајна закана по јавното здравје, укажуваат…

January 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии

Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, сподели кратка инфомативна објава за последиците од хронична изложеност на чад од депонии со оглед дека главниот…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето

 Во рамки на Неделата на женското здравје, денеска во Скопје беше промовиран прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувања на…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?