Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите
ЗДРАВЈЕ

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Објавено July 9, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и на неколку места во цела Македонија

  1. Останете информирани

Следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации.
Почитувајте ги сите наредби за евакуација или засолнување.

  1. Ограничете го изложувањето на чад

Држете ги прозорците и вратите затворени.
Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух.

  1. Засолнете се во безбеден простор

Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор.
Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента.

  1. Користете соодветна заштитна опрема

Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Најефикасна заштита обезбедуваат маски со филтер од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски со филтри за органски и неоргански гасови.
Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).

  1. Заштита на ранливи групи

Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести да останат во најзаштитените простории.
При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш побарајте медицинска помош.

  1. Подгответе се за евакуација

Подгответе торба со најважните документи, лекови, вода, храна и средства за лична заштита.
Знајте ги најкратките и најбезбедни патишта за евакуација.

  1. Прва помош при изложеност на чад или изгореници

Ако некој има симптоми на труење со чад, изнесете го на свеж воздух и побарајте медицинска помош.

  1. Комуникација

Останете во контакт со семејството и соседите, особено со ранливите лица.
Известете ги надлежните служби за лица што имаат потреба од помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР со апел: Граѓаните да не тргнуваат кон ГП „Блаце“, сообраќајот е во прекин, пожарот е повторно разгорен
Следна Статија Кризен штаб во Владата поради пожарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Три необични знаци кои може да укажуваат на мозочен удар една недела однапред

Благодарение на напредокот во лечењето, денес повеќе луѓе преживуваат мозочен удар. Една студија покажа дека дури девет од десет мозочни…

March 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Редовно јадете ореви за да бидете попаметни

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во…

February 25, 2025

Играта на видео игри има неочекуван ефект врз IQ на децата, вели студијата

Истражувачите поврзаа поминувањето повеќе време во играње видео игри со зголемување на интелигенцијата кај децата, што делумно ја оспорува приказната

January 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство

Тим од специјалисти од скопските клиники ќе ја утврдува состојбата на сите кои беа повредени во трагедијата во Кочани. Од…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?