Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор Лазаров за „парацетамолот во бременост и ризикот од аутизам“: Нетретирана треска може да нанесе штета на плодот и мајката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Доктор Лазаров за „парацетамолот во бременост и ризикот од аутизам“: Нетретирана треска може да нанесе штета на плодот и мајката
ЗДРАВЈЕ

Доктор Лазаров за „парацетамолот во бременост и ризикот од аутизам“: Нетретирана треска може да нанесе штета на плодот и мајката

Објавено September 26, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Откако, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, се крена фама во јавноста за последиците од парацетамолот во бременоста, и македонскиот доктор гинеколог Ненад Лазаров се огласи со став.

„Не земајте парацетамол“, повтори Трамп на бремените жени десетина пати за време на неодамншената прес-конференција во Белата куќа покревајчи го прашањето за аутизмот.

Доктор Лазаров кој гласен на бројни теми, преку објава на својот фејсбук профил, порача дека не постои сериозен доказ или студија која директно асоцира парацетамол со аутизам.

– Ич да не му се секирате туку пробајте да ја изуживате бременоста до последен ден. Ми пишаа неколку сериозно загрижени идни мајки по пресот на Доналд Трамп. Научен факт е дека стресот е непријател на здравјето особено на една бременост, а тоа се предизвика со политички мотивирани шпекулации. Ќе повторам, не постои сериозен доказ или студија која директно асоцира парацетамол со аутизам, а има низа такви кои отфрлаат било каква поврзаност! – вели тој во објавата.

– Во медицинската статистика има една премиса, велиме: Association is not causation. Препораката за користење во бременост е секогаш со лекарска консултација, ЗА БИЛО КОЈ ЛЕК или OTC, а за парацетамол конкретно, во минимални ефективни дози и во што пократок рок, И СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД.

Наспроти политички мотивирани шпекулации, факт е еден: нетретирана треска/покачена температура и болка може да нанесат серизна штета како на мајката така и на плодот!

Ви стојам на располагање да дообјасниме било што, а се со цел да сте спокојни, порача доктор Лазаров кој секогаш е отворен за совет за пациентките.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата
Следна Статија Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ 7:1

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Уште двајца од повредените млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко…

August 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

ЗХГ за „новата инвестиција“: Рудникот Крстов дол не работи веќе 50 години, а се уште загадува

Зелен Хуман Град реагира на информацијата дека во рамките на стратешкиот дијалог со САД е договорена помош за ископување на…

April 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

Повлечени повеќе од 2.8 илјади фунти мелено говедско месо поради загриженост за E. коли

Повлеченото месо беше продадено во продавници низ шест држави.

December 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест.…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?