Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шест нови случаи на Ковид-19 во Македонија, постои ризик од раст на активноста на вирусот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Шест нови случаи на Ковид-19 во Македонија, постои ризик од раст на активноста на вирусот
ЗДРАВЈЕ

Шест нови случаи на Ковид-19 во Македонија, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Објавено January 13, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска.

Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран од возрасната група од 40 до 49 години.

Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно 11 заболени лица.

Од ИЈЗ наведуваат дека ниската стапка на трансмисија на Сарс-ков-2, намаленото известување и малиот број на примероци за тестирање преку сентинел системите, имаат влијание врз способноста за прецизно да се процени епидемиолошката ситуација.

– Популацијата на ЕУ/ЕЕА севкупно има значително ниво на хибриден имунитет – претходна инфекција плус вакцинација – бустер дози, што дава заштита од тешка болест. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Хоспитализациите на лица со потврден Ковид-19, приемите во интензивна нега и смртните случаи остануваат на ниско ниво во земјите на ЕУ/ЕЕА. Овие податоци во Република Македонија не се достапни, истакнуваат од ИЈЗ.

Иако бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво е мал, како што се додава, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на Сарс-ков-2 да се зголемува, „што ја нагласува континуираната потреба од надзор – епидемиолошки и вирусолошки, на национално и регионално ниво“.

– Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, нагласуваат од Институтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку заработуваат претседателите во регионот: Првиот човек на Албанија со највисока плата, македонската претседателка со најниска
Следна Статија (ВИДЕО) Студентите во Србија со секташки обреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Брет Вајнштајн објаснува зошто мНРА вакцините носат миокардитис: Не е лошо, туку е многу полошо!

Целта на мНРА вакцините против Ковид-19 е да создадат таканаречен спајк протеин, кој, пак, се создава насекаде во телото, на…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за…

October 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа…

September 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства,…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?