Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
ЗДРАВЈЕ

АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар

Објавено July 17, 2026 21:26
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

– По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени се поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим-техника – МВР Гостивар, вчеравечер спроведоа вонреден инспекциски надзор. Со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение, поставена е пумпа, која директно вшприцува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје, кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност – информира АХВ.

За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде привремена забрана за употреба на водата за пиење сè до добивање на резултатите од лабораторското тестирање, со кое ќе се потврди нејзината безбедност

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода
Следна Статија Три пумпи вбризгувале отпадни води во главниот цевковод за вода во Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Германец со мотор излета кај Бигорски манастир, заврши во болница во Гостивар

МВР информира дека вчера претпладне во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар,…

June 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Сапорт Кочани“ со нова донација за повредените од Кочани

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Вредноста на…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?