Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода
МАКЕДОНИЈА

Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода

Објавено July 17, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар одговорно за градската водоводна мрежа Артана Асани во изјава за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури.

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Од АXВ велат дека со вонредниот инспекциски надзор утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

И од СВР Тетово ги потврдуваат сомневањата за загадување на водата.

„Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.

Од болницата во Гостивар изјавија дека околу 1200 пациенти со симптоми на дијареа, болки во желудникот, температура и омалаксаност изминатите 3 до 4 дена побараа лекарска помош во ЈЗУ Општа Болница ‘’Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. Од болницата наведуваат дека епидемијата се шири низ Гостивар но причината сеуште се утврдува.

„Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена поради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа , направивме зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот ,температура, омалаксаност итн. Најголем број на пациентите со овие симптоми има на Инфектологија, Детското одделеније и во Ургентното одделение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
Следна Статија АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник-Св.Наум Охридски

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги констатира оставките на министерот Таравари и двајца заменици министри

Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски во Германија оствари средба со македонската дијаспора

Во предвечерието на мојот престој во Берлин СР Германија, остварив средба со македонската дијаспора, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?