Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
ЗДРАВЈЕ

Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми

Објавено July 17, 2026 18:00
Сподели
Сподели

Повеќе од 1 000 пациенти во изминативе 3-4 дена побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот број од пациентите се со исти симптоми како повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура, омалаксаност итн. Најголем дел од нив се на Инфектологија, на Детското одделение и во Ургентната единица.

„За овие денови во ЈЗУ Општа болница ‘Д-р Ферид Мурат’ со овие симптоми се пријавени околу 1 000-1 200 пациенти. На сите пациенти им е дадена медицинска помош, односно соодветна терапија. Овој број на пациенти е надвор од редовните бројки на пациенти во нашата установа“,велат оттаму.

Од болницата преку соопштение уверуваат дека го зајакнале медицинскиот персонал во одделенијата каде што има голем број пациенти.

Истовремено, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е сериозно загадена и небезбедна за здравјето на граѓаните.

Од Секторот за внатрешни Тетово денеска соопштија дека постојат основи на сомневање дека активности на Јавното претпријатие „Водовод“ и на Општина Гостивар довеле до загрозување на здравјето на граѓаните на градот. За да го зајакнат притисокот во градската водоводна мрежа, незаконски поставиле пумпи во корито на истечни отпадни води кои потоа навлегле во системот кој напојува градот.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска кажа дека Обвинителството постапува, но дека е рано за правна квалификација на случајот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто аргентинските навивачи важат за најсуеверни?
Следна Статија Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат во 31-та гестациска недела

На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев на свет беа донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира…

June 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова…

May 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања

Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?