Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба
ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба

Објавено July 22, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.

Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На седницата биле разгледани и други информации поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што биле донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Главниот штаб ја задолжил Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење.

Истовремено било потенцирано дека Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

-Армијата на Република Македонија ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Главниот штаб процени дека е потребно. Во координација со Општина Гостивар, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје Тетово–Гостивар, Центарот за управување со кризи ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите мерки, препораки и активности поврзани со користењето на водата, се вели во информацијата од ЦУК.

Во согласност со одлуката на Владата на Република Македонија, Службата за општи и заеднички работи ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење до граѓаните на Општина Гостивар.

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани на Општина Гостивар доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции и да ги следат официјалните информации што ќе бидат објавувани во текот на денот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре сончево, од петок нов пад на температурите
Следна Статија Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Сашо Клековски седна на министерската фотелја

Откако вчера во Собранието беше изгласана владината реконструкција, денес Сашо Клековски седна на новата позиција како министер за здравство на…

July 14, 2026
ЗДРАВЈЕ

Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и…

September 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата сака да го врати паралелниот увоз на лекови предупредува СДСМ

СДСМ преку соопштение за јавност информира дека свиркачи од Министерството за здравство до нив доставиле информации дека Владата на Христијан…

December 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?