Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции
МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Објавено July 22, 2026 18:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите.

-Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот.

Додаде и дека Владата има механизми за помош, како и во секоја елементарна непогода.

Во вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 лица (вкупно од Ургентен клинички центар и Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”). Оштетувања се регистрирани на објекти од витално значење за државата.

Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Оштетувања има и на ГОБ „8 Септември“ и штипската болница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба
Следна Статија Зеленски го разреши Сирски од функцијата врховен командант на украинската армија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ

Четвртина од граѓаните на Македонија (25 отсто) сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најзаслужни за делницата Градско–Дреново се работниците

Најзаслужни за делницата Градско–Дреново се работниците затоа што направија да изгледа импозантно, заедно продолжуваме да ја градиме Македонија.Експресен пат за…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?