Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Објавено October 10, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а не зад затворени врати. Овозможуваме да се отвориме и да бидеме видливи и да бидеме достапни, и психијатрите, психолозите, социјалните работници и сите здравствени работници и соработници кои работат со менталното здравје. Да бидеме видливи и достапни за кој било граѓанин, изјави денеска директорката на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје проф. д-р Славица Арсова на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври.

Арсова рече дека секоја година го одбележуваат Светскиот ден на менталното здравје со различна тема, а годинашнава тема е „Интервенции во криза“.

Кризи се големи катастрофи или несерќи кои зафаќаат голем дел од општеството во еден момент, при што ниедно општество, дури и најбогатото, не може да се справи во истиот момент со потешкотиите кои ги имаат тие граѓани. Тоа може да бидат воени настани, терористички настани, природни катастрофи и тука морам да спомнам тоа што се случуваше изминатиот период кај нас, повеќе настани, но тоа што ја одбележа оваа година е една голема криза, општествена, здравствена, економска, социјална, која настана поради несреќата во Кочани, изјави Арсова на градскиот плоштад „Македонија“.

Таа објасни дека повредите, изгорениците и скршеници се видливи, но тие што не ги гледаме на самиот почеток, дел од нив оставаат долгорочни последици, тоа се психичките потешкотии или нарушување на менталното здравје.

За среќа ние веднаш бевме присутни таму, а и се уште сме присутни, не само за оние кои настрадале, или имале блиски членови од семејството кои се соочиле со таа трагедија, туку и за сите останати граѓани бидејќи тоа се почувствува, предизвика последици на менталното здравје кај секој еден граѓанин во нашата држава, смета Арсова.

Директорката на Универзитетската клиника за психијатрија информира дека не обрнуваат внимание само на тоа, туку и во однос на превенција на психички нарушувања кои се интервенти, самоповредувачко однесување, депресивни потешкотии кај млади и кај возерасни лица, особено кај ранливи категории на граѓани – деца, жени, постари лица, изнемоштени, лица кои имаат телесно или психичко нарушување.

Проф. д-р Антони Новотни изјави дека во ова време на отуѓено живеење во светот треба да се вративме на основниот постулат на заедништвото, да се вратиме на можноста како да си помогнеме еден на друг, како да се приближиме, да бидеме пристапни и достапни.

Семејството, локалната заедница и професионалците, секако ние, треба да бидеме достапни и да се сетиме дека сослушувањето, разговорот, достапноста и бивањето сега и тука за луѓето кои се во криза е лечевен фактор и фактор кој може да придонесе за надминување на кризата, порача Новотни.

Директорот на ФЗО Сашо Клековски потенцира дека за менталното здравје мора гласно да говориме.

Не смееме да го оставаме на маргините на нашите животи, како што се ставени клиничките болници и психијатриските болници. Менталното здравје во Македонија е се уште стигма затоа психијатриските болници се далеку од нашите очи. Овде сум за да покажам дека сме спремни тоа да го менуваме и да помогнеме менталното здравје да биде нормалмо третирано, како дел од животот. Она што Фондот за здравствено осигурување го направи оваа година е првпат вклучивме состојба од ментално здравје во превентивните цели кај матичните лекари. Вклучено е рано откривање на депресија кај млади до 35 години, како превентивна цел и сите матичните лекари низ цела земја ќе имаат задача да поминуват еден дел од осигуренците и да детектираат евентуално такви состојби. Тие се дел од ранливите групи, изјави Клековски.

Додаде дека во Стратегијата за здравство до 2030 година менталното здравје е еден од петте здравствени приоритети, а посебен акцент е менталното здравје на младите.

Одговарајќи на новинарско прашање, директорката на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје Арсова изјави дека младите повеќе се грижат за своето ментално здравје отколку во минатото.

Имаме се повеќе луѓе кои бараат помош, психијатриско – психолошка помош, и тука не се исклучени младите. Младите веќе се поосвестени во однос на своето ментално здравје и знаат да препознаат кога не им е добро или кога се наоѓаат само во животна лична криза и не стигма, не е срам да се бара психијатриско – психолошка помош, рече Арсова.

Апелираше дека покрај анксиозните, треба да се внимава на депресивните случаи кои водат ризик кон самоповредувачко и самоубиствено однесување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30
Следна Статија Манасиевски: Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, во куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов

Доктор Игор Николов е одликуван со орден од Витез на националниот ред за заслуги на Франција. Орденот на Николов му…

April 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Се решава недостатокот на персонал во прилепската болница, се вработуваат 21 доктор и над 100 здравствени работници

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски објави за напредокот кој за една година е постигнат во Општата болница Прилеп. -При посетата…

July 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст

Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип: Над 70.000 пријавени, 22.000 веќе вакцинирани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70.000 граѓани, а…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?