Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство
МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Објавено July 4, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на порталот МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите. Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија Влен се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.

Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на Влен брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите. Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

И оваа анкета покажа дека платите, пензиите, невработеноста и растот на цените се најголемиот проблем со кој се соочуваат македонските граѓани, но на второто место е повторно криминалот и корупцијата. Еве ги одговорите на испитаниците за тоа колку се задоволни од работата на новиот јавен обвинител и на Јавното обвинителство.

Недовербата во правосудството воопшто и натаму останува еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија.

Дека македонските граѓани се цврсто посветени на евроинтегративните процеси, покажува и позитивниот одговор на прашањето за можен влез на Македонија во ЕУ прифаќајќи го и модусот за кој веќе се разговара, а тоа е членство без право на вето. Дури 80,3 отсто од испитаниците би го прифатиле и ваквото членство.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Извор: МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Васко Кичевски со критики кон врвот на СДСМ за односот кон новата Платформа
Следна Статија Кики Мукаетова со потресна исповед за врсничкото насилство: Два пати ми го скршија носот, со години живеев во страв

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ)…

November 7, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал

Силни пораки беа упатени на вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.Претседателот Мицкоски упати јасна порака до членството и до сите…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе остане покуса за 12 милиони долари американска помош!?

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за замрзнување на сите програми за странска помош на 90 дена на 20…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?