оранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на Фејсбук упати критики до актуелното раководство на партијата за односот кон новата политичка платформа.
„Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници. Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија. Свесно или несвесно, на овој начин опозицијата се дели уште подлабоко“, напиша Кичевски.
Тој смета дека раководството требало да понуди разговор, наместо јавни реакции против луѓе кои, според него, суштински припаѓаат на СДСМ.
Кичевски оценува дека актуелното раководство изгледа уплашено од новата платформа и предупредува дека новата поделба може дополнително да го влоши резултатот на СДСМ на следните парламентарни избори.
