Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кики Мукаетова со потресна исповед за врсничкото насилство: Два пати ми го скршија носот, со години живеев во страв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кики Мукаетова со потресна исповед за врсничкото насилство: Два пати ми го скршија носот, со години живеев во страв
МАКЕДОНИЈА

Кики Мукаетова со потресна исповед за врсничкото насилство: Два пати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Објавено July 4, 2026 13:56
Сподели
Screenshot
Сподели

Водителката на емисијата „Низ град со Кики“, Кики Мукаетова, преку објава на социјалните мрежи сподели лично сведоштво за врсничкото насилство што го доживеала како дете, испраќајќи силна порака по последниот случај на врсничко насилство во Аеродром.

Таа откри дека како дете била жртва на тешко насилство, поради кое двапати ѝ бил скршен носот, ја скршила раката и со години се справувала со последиците.

„Два пати пукнат нос, скршена рака, тон трауми. Долги години работа со психолог и пак имам морници. И денес, на 18 години, уште го паметам стравот со кој одев во школо. Имав само 10 години, а секое седнување во клупа ми беше хорор“, напиша Мукаетова.

Таа додава дека последиците не ги почувствувала само таа, туку и нејзиното семејство.

„За сестрите имаше антигрупи на социјалните мрежи. Брат ми, на седум години, исто така помина низ траума“, наведува таа.

Во објавата, Мукаетова остро реагира и на насилството што денес се снима и споделува на социјалните мрежи.

„До кога ќе гледаме деца како тепаат, понижуваат, а сега и снимаат? Колку треба да си несреќен за да направиш вакво нешто? Вие што хушкате од страна додека едно дете е тепано и понижувано, дали навистина мислите дека сте јаки?“, прашува таа.

На крајот, Мукаетова апелира за построги санкции и поголема одговорност.

„Очајно ни треба одговорност. Најстроги казни – и за децата што вршат насилство и за родителите кога ја занемаруваат својата одговорност. Како општество, некако многу забораваме. Но децата што го преживеале овој хорор не забораваат никогаш“, порачува водителката на „Низ град со Кики“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство
Следна Статија (ВИДЕО) Во Пробиштипскиот регион изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Патот Крива Паланка – Деве Баир во прекин поради одрон

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука…

April 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани

Ефикасно беше справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Особено е висок процентот на граѓани…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?