Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

Објавено November 13, 2024 09:43
Сподели
Сподели

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.

Во пресрет на обележувањето на 80-годишнината од ослободувањето, синоќа премиерот Христијан Мицкоски говореше на настан во организација на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, насловен „Скопје се буди“.

Како што е најавено, претседателот на Владата денеска ќе се обрати и на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe (МАНУ).

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ
Следна Статија Почина српскиот „крал на шеќерот“ и еден од најбогатите бизнисмени на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ. Сеизмолошката опсерваторија соопшти…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска почнува грејната сезона

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?