Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mинчев: Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија преобемна и бавна администрацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mинчев: Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија преобемна и бавна администрацијата
МАКЕДОНИЈА

Mинчев: Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија преобемна и бавна администрацијата

Објавено September 19, 2025 11:23
Сподели
Сподели

Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и неефикасна, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, најавувајќи ги новите пакет закони за усовршување и професионализација на државните службеници.

Како што истакна Минчев по потпишувањето на Меморандумот за соработка со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Владата е силно посветена на департизацијата на администрацијата, но и на нејзино рационализирање што е и обврска на државата за ќленство во ЕУ.

-Донесовме пакет од четири закони кои ги сметаме за чекор напред кон реформите на администрацијата. Еден од нив, за академијата, се однесува на едукација на администрацијата и тоа ќе биде клучен приоритет во наредниот период. Почнуваме не само со едукација на новите вработени во јавниот сектор, туку и со одржување континуитет на знаењето на останатите кои треба да ги следат модерните трендови и европскиот процес. Крајната цел е да им дадат подобри услуги на граѓаните. Значи, освен департизација, во следниот период почнуваме и нов процес со пакет три нови закони, за висока раководна служба, за плати и за организација и работа на органите на државната управа, рече Минчев, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој најави и широка јавна расправа за законските решенија.

-Мислам дека имаме добра можност да почнеме со минимално кратење на т.н. управни и надзорни одбори или со усогласување на бројот на членови на тие одбори. Секако, ќе следи и спојување на одредени институции во други со што ќе влеземе во процес кој ни е обврска од ЕУ, а тоа 40 отсто кратење на буџетските корисници. Сведоци сме дека имаме голем број институции кои имаат по еден или двајца вработени или во минатото се направени за да задоволат нечии политички или партиски потреби. Сето тоа внимателно ќе го разгледаме и се надевам дека во идниот период, низ јавна расправа, ќе дојдеме до најдоброто решение – овие институции да влезат во рамки на другите за администрацијата да биде помала и поефикасна, подвлече Минчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола! (ВИДЕО)
Следна Статија Николоски: По Локалните избори нови мерки и поволности за купување на станови и куќи за младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Откази за 15 високи полициски функционери, се давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?