Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Пожарникарите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Пожарникарите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожарникарите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица

Објавено July 3, 2026 20:28
Сподели
Сподели

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и од локалните жители, се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон селото Ратавица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгореа голема површина сува трева и грмушки.

ТВ „Стар“ од Штип објави снимка од местото направена попладнево.

Како што изјави Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани, екипите веќе три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница.

Според него, пожарот е делумно ставен под контрола, а во меѓувреме се прават противпожарни пресеци со градежна механизација со цел да се спречи неговото ширење кон Ратавица.

Во гаснењето помага и локалното население, додека според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на терен се ангажирани и три авиони „ер трактор“.

Од ЦУК соопштија дека активен пожар во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и и Лепопелци, како и Бучиште и Неокази, каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Претходно, во Штип беснееја два големи пожари, поради кои беа евакуирани работници од фабрика.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо се дереше од хотелската тераса
Следна Статија Струга го продаде службеното Ауди на Мерко за 22.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија. -Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?