Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ
СПОРТ

(Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Објавено June 24, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А.

Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика.

Тадео Аљенде му донесе водство на Интер 16-та минута, а поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, го зголеми водството со гол во 65-та минута.

Водството на Интер го намали Паулињо со гол во 80-та минута, а Палмеирас израмни со голот на Маурисио во 87-ма минута.

Интер од Мајами ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Атланта, а Палмеирас против Ботафого во Филаделфија.

Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд.

Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд. Тимот од Египет четири пати имаше предност, а Порто четири пати успеа да изедначи.

На крајот Порто го освои третото, а Ал-Ахли четвртото место во оваа група.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел: Се согласуваме на примирје
Следна Статија Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1:0.…

May 15, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на…

June 29, 2025
СПОРТ

(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда,…

August 23, 2025
СПОРТ

Погледнете го тренингот на Тајсон во пресрет на мечот: Вака не се движи нормален 58-годишник (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) денеска влезе во рингот и тренираше пред публиката пред егзибицискиот меч против инфлуенсер-боксерот Џејк Пол…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?