Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кандидатите за полицајци ја демонстрираа подготвеноста преку симулациска вежба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Кандидатите за полицајци ја демонстрираа подготвеноста преку симулациска вежба
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Кандидатите за полицајци ја демонстрираа подготвеноста преку симулациска вежба

Објавено April 22, 2026 14:16
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука.

МВР
МВР

Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше изведено сценарио за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, при што беа прикажани зборни распореди и различни форми на интервенција.

МВР
МВР

Со оваа двонеделна теренско-тактичка обука кандидатите ги надградуваат своите практични знаења и вештини, стекнати во текот на основната обука, со цел нивна целосна подготвеност за извршување на полициските задачи.

МВР

Министерството за внатрешни работи продолжува континуирано да инвестира во унапредување на обуката, подготвеноста и работните услови, како на кандидатите за полицајци, така и на активните полициски службеници. Ваквите вложувања директно придонесуваат за посилен, поефикасен и професионален полициски состав, што значи повисоко ниво на безбедност за сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието ја утврди потребата да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
Следна Статија СДСМ со отпадници од партијата на Дачиќ сака да прави регионален опозициски фронт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Табановце има гужва, се чека по 40 минути за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Белград бесплатен јавен превоз, во Скопје никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата за 30 дена ја продолжи кризната состојба за шумските пожари

Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена.…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?