Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ја утврди потребата да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ја утврди потребата да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
МАКЕДОНИЈА

Собранието ја утврди потребата да се донесат законските измени за укинување на техничката влада

Објавено April 22, 2026 13:22
Сподели
Сподели

Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. Со ова, законското решение ја мина првата и клучна фаза од собраниската процедура.

Целта на предложените измени е суштинска – укинување на моделот на преодна, односно техничка влада, кој со години наназад беше воспоставуван како начин за организирање на изборните процеси.

Во образложението на предлагачот, односно Владата, се посочува дека новото законско решение ќе обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Власта смета дека е време институциите да ја преземат целата одговорност, без потреба од ад-хок политички договори кои ги оптоваруваа функционирањето на државата.

„Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата… со овој предлог-закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе гарантира фер и транспарентни избори“, се вели во образложението.

Со овие измени се планира елиминирање на досегашните привремени решенија воспоставени со политички договори, со што се става крај на практиката на технички влади, а фокусот се става на институционалното делување гарантирано со Уставот и законите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во Македонија
Следна Статија (ВИДЕО) Кандидатите за полицајци ја демонстрираа подготвеноста преку симулациска вежба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации оддржа…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?