Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марш на ангелите во Виница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марш на ангелите во Виница
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите во Виница

Објавено May 16, 2026 12:14
Сподели
Сподели

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Маршот на ангелите“, кој се организира во спомен на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, но и како израз на барање за вистина и правда, соопштија од Здружението за граѓани „16 март 2025“ на Фејсбук.

„Марш на ангелите“ ќе се одржи денеска во Виница, а ќе почне од плоштадот „Ангел Винички“. Собирот е закажан за 16:45 часот, а стартот на маршот е предвиден за 17:05 часот.

Организаторите велат дека маршот се одржува поради 63-те загинати, зад кои стојат прекинати животи, неостварени соништа и семејства што останале без свои блиски, додека над 500 повредени и преживеани секојдневно живеат со последиците и траумите од трагедијата.

„Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас“,се вели во соопштението од Здружението на граѓани „16 март 2025“.

Оттаму додаваат и дека целта на маршот е да не се дозволи повторување на слични трагедии и да се обезбеди вистинска правда за жртвите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Србија: Полицајци палеле труп на мафијаш,нивниот шеф ги бришел снимките
Следна Статија Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сточарот Јетмир најде телефон изгубен пред четири години на Солунска глава, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангов: Алармантна е состојбата со пожарот во Николиќ, потребна е воздушна помош

Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!, објави на неговиот фексбук профил градоначалникот на Дојран,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска нема да го свика Советот за безбедност за состојбата со Украина, но можно е да го собере за загадувањето

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова засега не планира да го свика Советот за безбедност за случувањата во Русија и Украина. Но, шефот…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?