Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“
ПОЛИТИКА

Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“

Објавено May 16, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, , на прес-конференција изјави дека по однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да се констатира дека таму функционира еден тандем.

Според Милошоски, тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција.

Дури и во прибирањето на докази можевме да забележиме дека овие обвинители биле селективни. Со вчерашниот демант на ЕСМ станува јасно дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица наместо да истражуваат сериозно и да обезбедат докази за оваа набавка на мазут скапа 167 милиони евра.

Исто така може да се заклучи дека биле селективни и не ги ни прочитале извештаите на релевантните органи како што се Државниот завод за ревизија и слични на нив. Државниот завод за ревизија во 2024 година утврдил дека при оваа милионска набавка се испорачувал мазут од различен добавувач од оној којшто бил утврден во договорот на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и добавувачот и второ, стручни лица од ЕСМ утврдиле дека мазутот бил со голем број на нечистотии коишто предизвикувале дефекти во мазутната станица на ТЕЦ Неготино“, изјави Милошоски.

Тој додава дека и покрај ваквата утврдена лоша состојба и квалитет на мазутот, сепак ТЕЦ Неготино склучил анекс за да може овој скап договор да ја достигне сумата од 167 милиони евра.

Но, очигледно е дека ваквите извештаи на Државниот завод за ревизија не биле забележани од Абази и Коларевиќ коишто поголемо внимание посветувале на изјави коишто им одговараат од некомпетентни лица наместо да ги земат во предвид релевантните извештаи коишто даваат сериозни индиции дека овој скандал вреден 167 милиони евра е поврзан и со направена штета во ТЕЦ Неготино, но исто така и со перење на пари и стекнување на противправна имотна корист.

За Абази и Коларевиќ сметаме дека не се достојни на функцијата да бидат во Јавното обвинителство за гонење на криминал и корупција, затоа што и двајцата имаат свои лични, семејни или политички долгови за нивниот кариерен напредок, а истите се поврзани со политичките партии ДУИ и СДС. Овој јавнообвинителски тандем Абази и Коларевиќ повеќе е приврзан за нивните ментори Заев, Ахмети и Венко Филипче отколку што е посветен на владеењето на правото и гонењето на организиран криминал и корупција. Со вакви обвинители осомничените како Васко Ковачевски, Јахоски, Сулкоски, Капушевски, Адријан Муча и други секогаш ќе бидат слободни луѓе, наместо да бидат изведени при лицето на правдата.

Затоа уште еднаш повикуваме Советот на јавни обвинители да се позанимава со овој случај, да го истражи постапувањето на Абази и на Коларевиќ и да утврди кои намерни или ненамерни пропусти се направени, а се со цел овој милионски скандал наречен мазут и набавка за ТЕЦ Неготино да биде исфрлен од истрагата којашто е донесена со решение на овие двајца обвинители.

Истовремено сакаме да им порачаме дека нивната лукративна одлука или политички инспирирано решение да ја запрат истрагата нема да ја сокрие вистината и сите факти поврзани со овој скандалозен тендер ќе излегуваат на виделина. Сакале тоа да го направат или не сакале Абази и Коларевиќ. Сепак мислиме дека јавноста ја заслужува вистината, а секој којшто бил инволвиран и има сомнежи за висок криминал и корупција заслужува да биде процесуиран и својата невиност или вина да биде докажувана пред суд“, изјави Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марш на ангелите во Виница
Следна Статија Авион на „Кроација Ерлајнс“ се лизна од пистата во Сплит за време на полетувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Апасиев: Забраната за рекламирање на Левица ќе заврши во Стразбур

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко реагираше на одлуките и упатствата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски најавува избори

Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Во овој последен мандат нема да работам да останам претседател, вети Мицкоски

Има моменти во политиката кога човек мора да застане над секојдневието, над партиската динамика, над бројките и над битките, и…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?