Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград
БАЛКАН

ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград

Објавено April 16, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.

Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.

Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“.

Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.

„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.

Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин.

Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.

ПОТРЕБНИ СТЕ НАМ, КРЕНУЛО ЈЕ ГУРАЊЕ❗️ pic.twitter.com/NEcNrRn51T

— Правни у блокади (@blokadapravni) April 16, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп со нови идеи: Ќе им дава пари на мигрантите за да ја напуштат Америка
Следна Статија Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за…

January 29, 2026
БАЛКАН

Прекини на интернет кај Spectrum корисниците во Охајо поради судир со столб

Некои корисници на Spectrum во североисточен Охајо доживуваат прекини на услугата по инцидент со снегочистач.

January 4, 2026
БАЛКАН

Вкупно 76 лица загинаа во пожарот во хотел во турски ски центар – прогласен ден на национална жалост

Турција прогласи ден на национална жалост поради трагедијата што се случи во турскиот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта…

January 21, 2025
БАЛКАН

УДБА знаела дека младите момчиња од Цетиње боледувале од редок вид на шизофренија, не биле способни за служење војска

Се сеќавате ба убиството во Цетиње за Нова Година? Ова злосторство го отвори подзаборениот или прикриен случај со машките жители…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?