Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?
ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Објавено April 16, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан Станковиќ и Софија Куновска на претстојните локални избори во Општина Центар, за кои се смета дека се сериозна закана да ги осуетат плановите на актуелните политички актери.

Сепак, нашите извори велат дека веќе подолг период се кова план за формирање граѓанско движење, кое ќе обедини повеќе истакнати кадри од левицата, десницата и политичкиот центар, кои поседуваат личен интегритет, кредибилитет и знаење за да покренат нова општествена енергија, а кои во моментов не препознаваат вистинска идеологија и програмска визија во своите матични партии. Наводно, локалните избори се препознаваат како повод за таканаречено “Прво граѓанско востание”, кое е логично да започне од Центар, најурбаната општина во Македонија, каде гласачите и во минатото покажале дека имаат најголем интелектуален и слободно мислечки потенцијал да даваат отпор на теснопартискиот клиентелизам со кои вообичаено царуваат партиите.

Со оглед на фактот дека ВМРО-ДПМНЕ се на власт помалку од една година, а за волја на вистината, никогаш немале силна партиска база во Центар и никогаш не победиле со свој автентичен кандидат туку со поддршка на Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, евентуалниот ваков развој на околностите најмногу ќе го погоди и онака ранливиот СДСМ, кој ќе се бори да не доживее уште поголем дебакл од парламентарните избори, а оваа општина сепак ја доживуваат како свој бастион. Затоа, тука својата шанса ја гледаат Левица и ЗНАМ, кои реално не располагаат со “расни” урбани кадри за пребирливата скопска публика, но имаат потреба да го рашират своето кадровско влијание во Центар, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Дали тандемот Емилијан Станковиќ и Софија Куновска, кои една деценија се дистанцирани од погрешните политики на нивниот СДСМ, заедно со поголема група на урбани интелектуалци ќе можат да дадат решение на ребусот и заедно да станат тригер фактор за канализирање на граѓанското незадоволство во нова здрава иницијатива која ќе ја врати надежта дека сепак постои потенцијал за реформа на политичкиот дух на нацијата, останува да покаже времето пред нас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград
Следна Статија Косовски државјанин приведен за поткуп на Блаце, му дал 10 евра на цариникот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

Оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи денеска беше констатирана во рамките на 104. собраниска седница. Претседателот на Собранието,…

June 10, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Власта го отвора спорот за јазикот со Бугарија за да кочи ЕУ

Опозициската СДСМ обвини дека спорот за јазикот со Бугарија повторно се вади на маса за да се закочи европскиот пат…

January 5, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција…

February 24, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?