Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска
ПОЛИТИКА

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Објавено September 24, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.
Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош. Кузеска го праша министерот за внатрешни работи дали пораките стигнале до него.

“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.

Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ? Ако стигнала, што сте направиле“.

Како што вели прашува, бидејќи наводно во таа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.

„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.

Ако е така, вели Кузеска, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнење.

„Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг. Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил? Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?

Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве како да го направите највкусниот домашен ајвар: Проверен рецепт со „мали тајни“ за совршен вкус
Следна Статија Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Maкрадули: Партијата не е простор за тивки климања со глава

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Чекањето за ЕУ е рецепт за изолација

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека државата е „подготвена да чека и децении“, а уставни измени нема да има без…

March 30, 2026
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на…

June 25, 2025
ПОЛИТИКА

Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?