Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи

Објавено May 10, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи. Тој рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле ставени во мирување поради неговиот избор за пратеник и потоа за претседател на СДСМ.

„Пред периодот кога се кандидирав за претседател на СДСМ и претходно пратеник, бев во преговори со една болница од Дубаи, за работа таму и добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите, меѓутоа тој процес сега практично е ставен на стендбај“, рече Филипче.

„Златната виза“ во ОАЕ им овозможува на странските државјани долготраен престој во земјата од 10 години без потреба од локален спонзор, како и целосна сопственост врз бизниси на територијата на Обединетите Арапски Емирати. Владината програма е наменета за инвеститори, претприемачи, научници, талентирани професионалци и одлични студенти, овозможувајќи им постојан престој, право на работа и учење, како и можност да ги спонзорираат своите најблиски. Покрај тоа, носителите на „златна виза“ можат слободно да патуваат и да престојуваат надвор од земјата повеќе од шест месеци без да ја загубат визата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ промашуваше, но Денвер стигна до нова победа (ВИДЕО)
Следна Статија 19-годишник во „мини морис“ удри во девојче кај „Сити мол“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Данела по петти пат менува директор на Комунално

Повторно е сменет директорот на скопското Комунално претпријатие. Досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

„Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Петровска: Резолуцијата во ОН ја гласавме во координација со САД, сите кои во периодов ќе го посетуваат Вашингтон ќе гласаат така – дали како партија ќе се извините на нов прес?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска од…

February 27, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?