Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Виолетовата медуза во делови на Грција, еве што да правите ако ве пецне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Виолетовата медуза во делови на Грција, еве што да правите ако ве пецне
БАЛКАН

Виолетовата медуза во делови на Грција, еве што да правите ако ве пецне

Објавено June 26, 2025 18:07
Сподели
Сподели

Во морските делови во близина на градот Волос, во централниот и северниот дел на Евија и кај островите Скијатос и Скопелос, регистрирано е зголемено присуство на виолетовата медуза, информираа од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Виолетовата медуза односно Pelagia noctiluca, како што посочуваат од организацијата „е импресивен, но опасен вид“ и ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи.

Објаснија дека забележана е кај градот Халкида на Евија и во северниот дел на островот што „веќе се соочува со сериозен проблем“, бидејќи функционира како излез кон отворено море од заливот Пагаситикос кај градот Волос.

Појава на медузата има и во групата острови Споради, „со потврдено присуство кјај Скијатос и Скопелос“.

Доколку пливате или посетувате плажи во горенаведените области, бидете особено внимателни. Pelagia noctiluca е импресивен, но и опасен вид поради неговиот интензивен убод, истакнаа од Грчка опсерваторија за биодиверзитет.

Додадоа дека моментално Гибралтар се соочува со најсериозната ситуација, а појави биле пријавени и во Шпанија, Франција, Италија и Јадранското Море.

Паралелно се забележуваат слични знаци со големата наезда на виолетови медузи во Медитеранот во периодот 2020 – 2023 година, информираа од организацијата.

Во 2022 година беше регистрирано зголемено присуство на виолетовата медуза во различни делови на Грција.

Тогаш медицинските лица советуваа дека во случај на убод, потребно е да се отстранат евентуалните остатоци од кожата, но не со голи раце туку со помош на пластичен предмет, како што е на пример кредитна картичка, местото на убодот да се измие исклучиво со морска вода и да не се користи обична вода, оцет и сл, да се нанесе мраз или ладни облоги за намалување на болката и отокот и да се користи крем со кортизон за лекување на локално воспаление

Виолетовата медуза е меѓу поопасните видови медузи, убодот е болен, меѓутоа не е претставува опасност по живот за повеќето здрави луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на нафтата на светските берзи паѓа, дали се очекува намалување и кај нас?
Следна Статија На Видовден српската опозиција и студентите подготвуват немири!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Наџати е страв и трепет меѓу криминалците на Балканот

Неџати Арабачи важи за најмоќниот човек во Албанија“ и мистериозен „Волк“ што наводно стои зад големи криминални структури.   Кој…

February 27, 2026
БАЛКАН

Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис, кој има потекло од Македонија

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, по потекло од Крушево, почина на 82-годишна возраст. Тој беше 60-ти градоначалник на општината…

November 10, 2024
БАЛКАН

Изгласана новата Влада на Србија

Новата влада на Србија предводена од премиерот Ѓуро Мацут беше избрана со поединечно гласање на пратениците, од кои 153 гласаа…

April 16, 2025
БАЛКАН

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Хрватска до крајот на годинава ќе ја постави правната рамка за темелно воено оспособување. Воениот рок ќе трае два месеци.…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?