Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис, кој има потекло од Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис, кој има потекло од Македонија
БАЛКАН

Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис, кој има потекло од Македонија

Објавено November 10, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, по потекло од Крушево, почина на 82-годишна возраст.

Тој беше 60-ти градоначалник на општината Солун, на функцијата од 1 јануари 2011 година до 31 август 2019 година, откако победи на два последователни општински избори, додека од 2018 година одлучи да не се кандидира како на следните општински избори.

Неодамна Бутарис се соочи со здравствени проблеми.

Бутарис пред 11 години првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија и во разговор за сега згаснатиот весник „Вест“, тогаш рече дека неговите врски со Македонија се сентиментални, не само поради потеклото на мајка му и неговиот дедо по татко кои потекнуваат од Крушево, туку и поради многубројните пријатели.

„Врските со семејството во Крушево со време се изгубени, но јас трипати бев да ги посетам. Ја видов и куќата на мојот дедо. Бев многу горд. Тоа се моите корени“, рече тој.

Бутарис е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот
Следна Статија Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидики

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во…

June 5, 2025
БАЛКАН

Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква

Голем број Македонци од округот Корча присуствувале на Светата Божествена Литургија во црквата “Воскресение Христово” во Корча, прва одржана од…

March 24, 2025
БАЛКАН

Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра

Какви цени ве очекуваат во Грција откако ќе ги истрошите познатите и традиционални „резерви“  домкнати од Македонија? Лебот чини од…

June 10, 2025
БАЛКАН

Грција: По 500 евра месечно за баби кои ќе чуваат внуци

На почетокот на 2025 година во Грција на национално ниво ќе започне програмата „Бебиситерки од соседството“ со цел да се…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?