Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
СВЕТ

Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација

Објавено November 10, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН,  Ники Хејли, и на поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да им биде понудена позиција во неговата администрација.

„Нема да ја поканам поранешната амбасадорка Ники Хејли и поранешниот државен секретар Мајк Помпео да се приклучат на администрацијата што во моментов се формира“, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Truth Social“.

„Многу ја ценев работата со нив и би сакал да им се заблагодарам за нивната услуга за нашата земја“, додаде новоизбраниот американски претседател.

Пред инаугурацијата, која традиционално се одржува на 20 јануари, Трамп има средби со потенцијалните кандидати за служба во неговата администрација. Британските медиуми во петокот објавија дека тој веќе разговарал со истакнатиот инвеститор Скот Бесент, кој е потенцијален кандидат за министер за финансии на САД.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина, која беше амбасадор на САД во Обединетите нации за време на првиот мандат на Трамп, го поддржа за претседател и покрај тоа што жестоко го критикуваше кога таа се натпреваруваше за номинација внатре во партијата.

Помпео, кој беше државен секретар на Трамп и директор на ЦИА, во некои медиумски извештаи се споменуваше како можен секретар за одбрана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис, кој има потекло од Македонија
Следна Статија Премиерно беше прикажан документарниот филм „3 титули“ посветен на Игор Стефановски-Иџе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Цели на израелскиот интензивен напад биле 20 ирански воени локации

Израел го заврши тричасовниот воздушен напад врз ирански цели рано во саботата, 25 дена по балистичкиот ракетен напад на Техеран…

October 26, 2024
СВЕТ

Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни…

April 18, 2025
СВЕТ

Телото на папата Франциск вечер ќе биде положено во ковчег

Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата Римска Црква, ќе претседава со обредот за констатирање на смртта на папата Франциск и…

April 21, 2025
СВЕТ

Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?