Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто

Објавено November 1, 2024 17:01
Сподели
Сподели

„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, највисоки во последната декада, при што во август учеството на долгорочните депозити достигна 30%“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во своето обраќање по повод на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Нацевска рече дека со својата проактивност, Народната банка дава значаен придонес во јакнењето на отпорноста на банкарскиот систем, приспособувајќи ги соодветно сетот мерки коишто ги презема во изминатите години. Банкарскиот сектор активно ги следи овие сигнали на централната банка, нудејќи соодветни депозитни производи со попривлечни каматни стапки.

„Еден од клучните предуслови за поттикнување на штедењето во домашните банки е одржувањето на стабилноста на финансискиот систем. Иако банките се соочија со неколку последователни кризи, нивните капитални и ликвидносни позиции се зајакнати. Банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност, што јасно се гледа од повеќе показатели. Адекватноста на капиталот е значително зголемена на 19%, што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво. Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на претпандемичниот период, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%. Овие податоци покажуваат дека банкарскиот сектор го положи тестот на отпорност, во голема мера поддржана од навремените и соодветни макропрудентни мерки коишто ги презеде Народната банка во изминатиов период“, рече вицегувернерката Нацевска, истакнувајќи ја потребата од постојана будност и приспособливост на сите чинители, заради заштита од евентуални нови шокови коишто би можеле повторно да ја тестираат издржливоста на банкарскиот систем во иднина.

На Денот на штедењето, вицегувернерката Нацевска порача дека позитивните трендови се несомнено поврзани и со степенот на финансиска едукација на населението ‒ стратегиска цел на која Народната банка посветено работи. Македонската банкарска асоцијација и комерцијалните банки исто така преземаат сопствени иницијативи за финансиска едукација на населението, во рамките на своите стратегии за општествена одговорност, коишто се во пораст во последниве години.

„Очекуваме дека во наредниот период уште повеќе ќе вложуваме во проектите за подигнување на финансиската писменост на граѓаните, со цел заедно да дадеме придонес кон градењето поинклузивен финансиски систем, каде што секој ќе ги има потребните знаења и вештини за донесување правилни финансиски одлуки засновани врз информации“, истакна Нацевска.

Вицегувернерката посочи дека во светски рамки се пораспространети апликациите за електронско и мобилно банкарство, а во последно време и финансиските алатки управувани од вештачката интелигенција коишто овозможуваат управување и следење на заштедите во реално време. Банкарскиот сектор ќе треба да придонесе кон засилување на овие трендови и кај нас, преку зголемени инвестиции во својата дигитална инфраструктура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Охрабрувачки економски показатели – октомври завршен со суфицит
Следна Статија Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик за масовност до работниците за учество на овогодишниот првомајски протест, кој ќе…

April 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува бројот на странски инвестиции во земјава

Официјално почна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Намален е бројот на невработени лица

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024…

February 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

СпејсИкс поставува зделка за внатрешни акции во вредност од 800 милијарди долари

СпејсИкс напредува со продажба на внатрешни акции што ја вреднуваат ракетната и сателитска компанија на Илон Маск на околу 800…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?