Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово
ХРОНИКА

Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово

Објавено November 1, 2024 17:15
Сподели
Сподели

СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (01.11.2024) во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.

Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.

По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки.

На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто
Следна Статија Осуммина загинаа во несреќа на железничката станица во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Критична е состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Жена пронајдена почината во Струга

Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“…

November 11, 2025
ХРОНИКА

Приведена на Табановце жена која сакала да внесе печурки со психотропни супстанци

На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27)…

January 20, 2026
ХРОНИКА

ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари

Вчера е ограбено казино на подрачјето на општина Чаир, соопшти полицијата. Како што е соопштено вооружен маж му се заканил…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?