Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто

Објавено November 1, 2024 17:01
Сподели
Сподели

„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, највисоки во последната декада, при што во август учеството на долгорочните депозити достигна 30%“, истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во своето обраќање по повод на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Нацевска рече дека со својата проактивност, Народната банка дава значаен придонес во јакнењето на отпорноста на банкарскиот систем, приспособувајќи ги соодветно сетот мерки коишто ги презема во изминатите години. Банкарскиот сектор активно ги следи овие сигнали на централната банка, нудејќи соодветни депозитни производи со попривлечни каматни стапки.

„Еден од клучните предуслови за поттикнување на штедењето во домашните банки е одржувањето на стабилноста на финансискиот систем. Иако банките се соочија со неколку последователни кризи, нивните капитални и ликвидносни позиции се зајакнати. Банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност, што јасно се гледа од повеќе показатели. Адекватноста на капиталот е значително зголемена на 19%, што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво. Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на претпандемичниот период, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%. Овие податоци покажуваат дека банкарскиот сектор го положи тестот на отпорност, во голема мера поддржана од навремените и соодветни макропрудентни мерки коишто ги презеде Народната банка во изминатиов период“, рече вицегувернерката Нацевска, истакнувајќи ја потребата од постојана будност и приспособливост на сите чинители, заради заштита од евентуални нови шокови коишто би можеле повторно да ја тестираат издржливоста на банкарскиот систем во иднина.

На Денот на штедењето, вицегувернерката Нацевска порача дека позитивните трендови се несомнено поврзани и со степенот на финансиска едукација на населението ‒ стратегиска цел на која Народната банка посветено работи. Македонската банкарска асоцијација и комерцијалните банки исто така преземаат сопствени иницијативи за финансиска едукација на населението, во рамките на своите стратегии за општествена одговорност, коишто се во пораст во последниве години.

„Очекуваме дека во наредниот период уште повеќе ќе вложуваме во проектите за подигнување на финансиската писменост на граѓаните, со цел заедно да дадеме придонес кон градењето поинклузивен финансиски систем, каде што секој ќе ги има потребните знаења и вештини за донесување правилни финансиски одлуки засновани врз информации“, истакна Нацевска.

Вицегувернерката посочи дека во светски рамки се пораспространети апликациите за електронско и мобилно банкарство, а во последно време и финансиските алатки управувани од вештачката интелигенција коишто овозможуваат управување и следење на заштедите во реално време. Банкарскиот сектор ќе треба да придонесе кон засилување на овие трендови и кај нас, преку зголемени инвестиции во својата дигитална инфраструктура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Охрабрувачки економски показатели – октомври завршен со суфицит
Следна Статија Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок

Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена,…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт и врски за…

April 24, 2025

Акциските фјучерси мирно стојат пред извештајот за вработеноста и потенцијалната тарифна пресуда

Трговците очекуваат извештај за вработеноста во декември и можна Врховна судска пресуда за тарифите

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?