Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителство спроведува истрага – петмина скопјани биле дел од терористичка организација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителство спроведува истрага – петмина скопјани биле дел од терористичка организација
ХРОНИКА

Обвинителство спроведува истрага – петмина скопјани биле дел од терористичка организација

Објавено June 17, 2026 23:57
Сподели
Сподели

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица од Скопје.

Постои основано сомневање дека лицата кои се на возраст од 22 до 34 години сториле кривично дело Терористичка организација.

Предметот е резултат на координирани активности што беа спроведени под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност.

Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени.

Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на терористичката организација ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки материјали.

Целта била ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација и глорификација на терористички дејствија и нивни извршители.

Во текот на вчерашниот ден, по наредба на судија на претходна постапка, се извршени претреси на пет локации на подрачјето на Скопје, од кои три во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде двајца од осомничените се на издржување на казна за друго кривично дело, а еден осомничен е во притвор, како и на две други локации поврзани со останатите осомничени лица.

При претресите се пронајдени и одземени повеќе електронски уреди и други предмети што ќе бидат предмет на вештачење и понатамошна доказна постапка.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје делумно го прифати предлогот на јавниот обвинител и на еден осомничен му определи мерка притвор, додека за вториот му е определена мерка куќен притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок
Следна Статија Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Четворица повредени во вечерашната сообраќајка во Скопје

Четворица повредени и пренесени во болница е билансот од сообраќајната несреќа, што се случи вечерва на мостот Гоце Делчев во…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика

На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило…

January 3, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 8 дена за хирургот од Битола осомничен за поткуп

На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?