Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот

Објавено June 18, 2026 08:17
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што ќе се одржи денеска во Солун, во организација на  Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција,  Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Николоски ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното  поврзување.

Како што изјави претходно Николоски, во Солун на средбата на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас, ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10.

На Самитот, чиј домаќин е грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Христос Ставру Димас, ќе учествуваат Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Марк Боуман, потпретседател за политика и партнерство во Европска банка за обнова и развој, Роберт де Грот, потпретседател на Европската инвестициска банка, претставници на приватниот сектор ,…

На маргините на Самитот,  Николоски ќе има билатерални средби со српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ, косовскиот министер за инфраструктура  Димал Баша, високи претставници на ЕБОР и на други меѓународни финансиски институции,…

Во фокусот на Самитот се имплементацијата на проширувањето на TEN-T, коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран, Планот за раст за Западен Балкан. Собирот е можност за координација на донаторите, подготовка на проекти, јавно-приватно партнерство, во насока на финансирање одржлива, отпорна и подобро поврзана транспортна инфраструктура.

– Западниот Балкан и соседните региони на ЕУ работат на развој на побезбедни, позелени, поотпорни и подобро поврзани транспортни мрежи усогласени со европските стандарди. Иако Планот за раст за Западен Балкан обезбедува значителна поддршка поддржана од ЕУ, вкупните инвестициски потреби во транспортниот сектор остануваат значително повисоки. Затоа, на самитот ќе се разгледа како да се подобри координацијата на донаторите, да се зајакне подготовката на проекти, да се зголеми учеството на приватниот сектор и да се претворат приоритетите за поврзување во конкретни инвестиции – велат организаторите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителство спроведува истрага – петмина скопјани биле дел од терористичка организација
Следна Статија Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски.…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалните обврзнички приноси достигнаа 16-годишен врв поради намалени очекувања за намалување на каматните стапки

Глобалните обврзнички приноси пораснаа на нивоа последен пат видени во 2009 година пред клучниот состанок на Федералните резерви, сигнализирајќи загри

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?