Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет

Објавено June 18, 2026 08:23
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува во градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија и за спорот со источниот сосед, Бугарија, посочувајќи дека до овој проблем дојдовме поради сегашната опозиција, која сега се наоѓа на политичката маргина каде уште долго ќе останат, која додека беше на власт коленичејќи пред бриселските бирократи потпишуваше бел лист хартија мислејќи дека тоа ќе им донесе победа на изборите во 2024 година.

„Но создадоа голем проблем, создадоа голем проблем на нашиот пат кон Европа. И да не беше тој проблем со реформите, политиките коишто ги испорачува оваа Влада, веќе ќе чукавме и ќе тропавме на портите на Европа.

Но, пред нас имаме договор кој не обврзува на нешто коешто никој од нас не помислува да го направи. Тој договор ќе нè потсетува вечно ан тој бел лист хартија којашто претходната влада го потпиша, мислејќи дека на тој начин ќе остане во владата и ќе ја добие милоста од тие коишто не гласаат, туку во суштина бира и казнува народ. А, народот нив ги казни и ги прати во опозиција“, порача Мицкоски.

Но, сакам јасно и гласно од овде, на овој 36-ти роденден на ВМРО-ДПМНЕ да испратиме една силна порака којашто ќе допре до секој еден во европската престолнина, во Брисел. Дека местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија е таму, на масата во Брисел со нив како полноправна членка на Европската Унија. Но, драги браќа и сестри тоа нема да биде спринт или кратка трка. Подгответе се за маратон, затоа што ќе мора да се бориме да го исправиме она предавство и онаа капитулација којашто претходната најкорумпирана во историјата, македонска влада го направи за овој народ и за својата татковина. Подгответе се да се бориме и да се избориме за нашите од другата страна на границата да го остварат своето човеково право да регистрираат, конечно, своја институција под којашто ќе можат културно да се организираат“, порача вчера Мицкоски.

Мицкоски повика сите гласно да испратиме порака до тие што ни велат дека ова е последното барање и последниот услов за продолжување на евроинтегративниот пат да донесат заклучок дека нема повеќе билатерални, дека е константа и факт македонскиот многувековен идентитет, култура, традиција, обичаи, јазик и дека нема повеќе никој да ја отвора таа тема.

„Нема цена, нема слава, нема моќ којашто може да ме убеди дека без овие работи ќе прифатиме било што. Ова е нашата црвена линија. Сите треба да не слушнат, гласно и јасно. Нема пазарење со идентитетот наш македонски. Доста беше“, порача јасно претседателот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот
Следна Статија Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

На денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски ја претстави новата стратешка рамка на партијата – Стратегија Македонија 2030, придружена…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

45 години од смртта на Јосип Броз Тито

Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?