Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ

Објавено June 18, 2026 08:44
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ синоќа од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во обраќање пред присутните на настанот истакна дека кога една политичка организација е создадена од народот, за народот и во служба на народот, тогаш ниту времето, ниту предизвиците, ниту нападите не можат да ја скршат.

,,На овој роденден сакам да посочам дека ова е сведоштво дека една идеја родена пред 36 години продолжува да живее, да расте и да се развива. Ова е доказ дека кога една политичка организација е создадена од народот, за народот и во служба на народот, тогаш ниту времето, ниту предизвиците, ниту нападите не можат да ја скршат. Вечерва ја славиме истрајноста. Ја славиме вербата, надежта и љубовта кон Македонија“, кажа Мицкоски и додаде:

,,Во овие 36 години имаше многу тешки моменти. Имаше порази, имаше неправди, имаше разочарувања, имаше моменти кога многумина мислеа дека е полесно да се откажеш отколку да продолжиш понатаму. Но секогаш кога некој мислеше дека сме паднале, ние станувавме посилни. Секогаш кога некој мислеше дека сме поразени, народот ни даваше нова сила. Секогаш кога некој сакаше да ја оттурне Македонија назад, се појавуваа луѓе кои беа подготвени да водат, да поведат напред“ истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека разликата е јасна, опозицијата мисли дека се родени за да бидат на власт, а ние од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ, граѓаните, каузата и татковина.

,,И јасно се отцртува границата и разликата. Тие од опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ, граѓаните, каузата и татковина. Затоа и нашата сила доаѓа од народот. Тоа е така сега, но тоа така било и низ вековите. Нашата задача е борба во она што веруваме и се додека сме силни обединети и правиме добро за државата тогаш татковината ќе има сила“ нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски вети дека нема да се пазари со македонскиот идентитет
Следна Статија Зошто се распадна Хрватска против Англија? (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Нема недостиг на обрасци за возачки дозволи, обезбедени резерви за три години

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.…

April 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Се очекуваат обилни врнежи

Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во 21 век во Лерин Македонците можат да свират, но не и да пеат

Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?